Nvidia fx 5200 не е подржана од новиот 177.80 драјвер
Денес правам надградба на системот, и гледам има нови nvidia сопственички драјвери. Бидејќи имаше некои проблеми со стариот nvidia драјвер & KDE4 (кои кај мене не се приметуваа толку), го надградив драјверот.
Се си помина супер, пост инсталационите пораки не кажаа дека треба да се направи некоја корисничка интервенција при надградбата и рестартирав X, кога гледам нејќе X да се подигне, a modprobe nvidia ми вика дека нема таков уред.
Одам на #archlinux и прашувам што е проблемот, и ми викаат дека 5200 во новиот драјвер е остранета (што ми падна чудно зашто немаше никакво известување) и дека ќе треба да користам legacy драјвери за 5 години стара картица…
Бидејќи не сакав да користам legacy драјвери кои нема да се надградуваат како шо треба, си ја ставив ATI 9200 картицата од старото куќиште и си фурам со слободни драјвери кои се малце терсен за конфигурација, важно нема да се секирам за асална подршка додека не купам нова
Значи, ако сакате да купите некоја картица која ќе имате за долгооо време, а важни ви надградби за драјвери (дали поради подобра подршка на нов софтвер, дали ради перформанси), Nvidia не е баш најдобриот избор. Ова сепак не важи за 90 посто од корисниците, бидејќи на Windows само гејмерите и евентуално графичките дизајнери ги надградуваат драјверите редовно.
И после зашто “Vista” не работела со постар хардвер, Microsoft не им е гајле, а уште повеќе на самите производители.