Долго време без нет.
Значи негде од почетокот на мај го исклучив адсл-от поради неподносливите услови ( релативно слабата брзина, реконектирање на 30 минути и срања ), и планирав да стаам кабелски.
Потоа испаднаа некои административни проблеми со кабелскиот. Па фати крај на мај, школо ова она и брзо дојде средина на јуни и неочекувано отидов во хрватска кај вујко ми, па кај братучедите па кај чичко ми :). Супер си поминав, се прошетав доста и запознав многу блиски роднини кои не сум ни знаел дека постојат :).
Единствено срање шо немав нет таму и не знаев дека оваа година у Сплит се дешаваше NSND 2008, и не останав повеќе за да можам да отидам на NSND. Кога се вратив околу една недела ми требаше да средам некои работи по дома, и конечно по 3 месеци стаив нет.
Едно две недели киснев пред PC, не можев да блогирам на maki.lugola.net благодарение на глупиот хостинг на кој беше хостирана lugola.net. и еве сеа школо почна ( :( 7 часа секој ден) и нема више заебанции, едвај чекам другото лето да дојде. До тогаш имам доста работи што сакам и треба да ги напраам и не ми замеравајте ако не се готови до тогаш :) пошто стварно имам проблеми со организација, се надевам дека блогов ќе ми помогне подобро и попеданто да функционирам.