Натпревар = fail, Roadtrip = Good
Вчера бев у Гостивар со школо, на натпреварот на стручни средни училишта од Македонија. Првпат идам на натпревар од ваков тип.
Презентирав distcc кластер со 3 компјутера, но комисијата беше катастрофа и не ме разбраа ништо од тоа што им презентирав, што не е чудно бидејќи беше составена од по еден професор од шпедиција, машински и електро. Чудно како ми дадоа 60 поени кога на други со подобар труд им дадоа 50, веројатно бидејќи не ме разбраа воопшто. Другите учесници исто така тешко ги презентираа нивните трудови, поради нетрпениото, незнаењето и арогантното однесување на комисијата.
На крај имаше 3 трудови кои го делеа првото место, од кои ментор на едниот победнички труд беше еден член од комисијата, другите два беа мини фабрика на тимот од штип и виртуелниот часовник на ден ученик од мое школо. Исто така беше чудно беше тоа што сите 3 трудови беа оценети со по 80 поени, прилично смрдлива ситуација.
Сепак, бидејќи имавме доста време да се прошетаме добро си поминавм, повеќе беше нешо ко geek-only екскурзија него ли сериозен натпревар.